Ладно и болка

Болка и информација за температурата, патувајќи кон 'рбетниот и големиот мозок

Рецепторот TRPM8, чувствителен кон ладењето и ментолот, припаѓа на групата терморегулациони рецептори, кои делуваат на чувствителноста и преносот на болката. Ментолот, ја намалува температурата на кожата, што го активира TRPM8 рецепторот. TRPM8 рецепторите, покриваат 15% од сите рецептори чувствителни кон болка.


Болката и информацијата за температурата, патуваат преку мали нервни влакна до централниот нервен систем, односно кон ‘рбетниот и големиот мозок. На пример, повредата на ткивото, ги активира ноцицепторите, да испратат сигнали од периферните нерви преку ‘рбетниот мозок до големиот мозок.
Ice Power Ладниот Гел (Ice Power Cold Gel) ја намалува температурата на кожата што ги активира терморецепторите (TRPM8 рецепторите) за пренос на чувството (сензацијата) за ладно низ истите нервни влакна, како што ноцицепторите ги пренесуваат сигналите за болка. Откако аферентната информација, ќе биде процесирана во ‘рбетниот и големиот мозок, самата болка е подобро контролирана.