Докажана ефикасност

Докажана ефикасност во терапијата на повредите на меките ткива

Клиничка студија:

Ефикасност на Ладниот Гел кај Повреди на Меки Ткива: Проспективна Рандомизирана Двојно-Слепа Студија

Olavi V. Airaksinen, MD, PhD, Nils Kyrklund, MD, Kyösti Latvala, MD, Jukka P. Kouri, MD, Mats Grönblad, MD, PhD, and Pertti Kolari, PhD

Од Одделенијата за Физикална Медицина и Рехабилитациона Медицина, Куопио Универзитетска Болница, Куопио, Темпере Универзитетска Болница, Темпере, и Универзитетска Болница Хелсинки и Фондација на Инвалиди, Хелсинки, Финска.

Докажано е дека Ice Power Ладниот Гел (Ice Power Cold Gel) ја олеснува болката и ја подобрува рехабилитацијата кај повреди на меките ткива. Резултатот од првата научна студија за ефектите на ладниот гел (изведена надвор од Финска), неодамна се објавени. Абстрактот за резултатите е објавен во реномираниот Американски Журнал на Спортска Медицина.
Согласно студијата, изведена во Хелсинки, Темпере и Куопио, употребата на ладниот гел го намалува чувството за болка за 50%, за време на првата седмица на неговата употреба. Намалувањето на чувството на болка, во плацебо групата, за истиот временски период, било само малку над 10%. Степенот на попреченост, се намалил сигнификантно побрзо кај пациентите кои го користеле ладниот гел, споредено со оние што употребувале плацебо.

Во студијата биле вклучени вкупно 74 пациенти со клинички докажани повреди на меките ткива во нивните глуждови, потколеници, раце или колена. Главниот лекар на ова истражување, доцент Олави Аираксинен, од Куопио Универзитетската Болница, нагласува дека бројот на пациенти бил доволно голем за да се покаже научен доказ.

За оваа студија, пациентите рандомизирано се поделени во две групи. Едната група користела фински Ice Power Ладен Гел, четири пати дневно, за период од две седмици, додека другата група рандомизирано користела плацебо. Специјалист лекар, ги прегледувал пациентите после една, две и четири седмици. На пациентите од двете групи им било дозволено да користат нестероидни-антиинфламаторни-лекови (НСАИЛ) и завои, за време траење на студијата, но никаков друг гел освен оној од студијата не бил дозволен да се користи.

Степенот на болка е определуван и за време на мирување (одмор) и за време на движење, преку употреба на ВАС скалата. Останатите бенефити, како и задоволството на пациентите од третманот се исто така определувани преку прашалник и физичко иследување, вели Олави Аираксинен.

Ефектот на ладниот гел започнува веднаш по неговата апликација. Во изведената студија, болката била мерена, на седмично ниво, со употреба на ВАС скалата. После првата седмица од терапијата, болката, кај пациентите што користеле Ice Power Ладен Гел, се намалила од вредност 59 (на скала од 0 до 100), скоро на половина, односно на вредност 30. За истиот временски период, болката кај групата пациенти што употребувале плацебо, се намалила од вредност 58 на вредност 45. После две седмици, резултатите за болката биле 14 и 26, додека после четири седмици 7 и 13, соодветно.

Според прашалникот на пациентите, 80% од оние што употребувале ладен гел се задоволни со добиената терапија. Соодветниот процент од групата на пациенти, што користеле плацебо, е 44%. Пациентите што употребувале ладен гел, би го употребиле истиот третман, при можна нова повреда, споредено со пациентите што користеле плацебо.
Согласно оваа студија, физиолошките ефекти на локалниот крвоток во кожата, иницирани од ладниот гел и другите достапни креми за надворешна, површинска примена, биле истражувани кај 20 пациенти. Тестовите се изведувани во лабораториски услови. Ладниот гел, покажува сигнификантни разлики, споредено со другите производи. Ice Power Ладниот Гел, ја подобрува локалната циркулација во кожата за 300%, додека останатите производи, постигнуваат вредности од 20 до 30%.