Ice Power Cold Gel- Ice Power ладен гел
- безбедно отстранување на болката, без примена на лекови
- соодветен за целото семејство
- ефективни компоненти: ментол и етанол
- клинички докажана ефикасност*
Ice Power ладните гелови, се соодветни за:
- болки во вратот и рамењата
- главоболка, пропратена со мускулна тензија (притисок)
- болки во грбот, поврзани со мускулите
- болки при раст, кај деца
- невралгии (болки поврзани со нервите)
- рехабилитација и физички вежби
3С ефект на Ice Power ладниот гел и крема, при мускулна болка:
1. Ладење (Cooling)
- Ice Power ладниот гел содржи оптимална комбинација на ментол и етанол
- Ваквата уникатна комбинација, ја намалува температурата на кожата за приближно 5-7 степени
Погледнете како Ice Power ладниот гел делува на температурата на кожата
2. Контрола (Controlling)
- Делува на сензорните нерви за болка и системот за болка, преку намалување на температурата на кожата
- Намалувањето на температурата на кожата и ефектот на ладење, го активираат ТРПМ8 рецепторот
- ТРПМ8 рецепторот, спаѓа во групата на терморегулациони рецептори, преку кои се пренесуваат сигналите и чувството (сензацијата) за болка
Погледнете како Ice Power Cold Gel делува на ниво на рецептор
3. Циркулација (Circulation)
- Ефектот на ладење на Ice Power Cold Gel, настанува како резултат на првично намалување на циркулацијата на крвта. Потоа, после 15 минути, циркулацијата на крвта се зголемува (нормализира)
- Како резултат на зголемувањето на циркулацијата на крвта, доаѓа до релаксирање на мускулите. Зголемувањето на циркулацијата на крвта, овозможува активирање на системот за само-заздравување и ја олеснува рехабилитацијата (обновата) на местото на повредата.
* Ефикасност на ладен гел при повреда на меко ткиво: Проспективно, рандоминизирано, двојно-слепо истражување (студија). Аираксинен и сор. Американски Журнал за Спортска Медицина, издание 31, број 5, 2003 год. ( Efficacy of Cold Gel for Soft Tissue Injuries; A Prospective Randomized Double-Blinded Trial. Airaksinen et al. The American Journal of Sports Medicine, Vol. 31, No. 5, 2003)
Повеќе информации:
Ice Power Ладен Гел и -крема за спортски повреди
Постои разлика помеѓу ладно и оладување!
Ice Power- Научно докажана ефикасност во терапијата на повредите на меките ткива