Ментол, при ослободување од болка и рехабилитација
Ментолот е супстанца од природно потекло, која се добива при дестилација со водена пареа од маслото од нане. Ментолот, може и синтетски да се добие. На собна температура, ментолот е во форма на кристална, проѕирна до слабо бело обоена восочна супстанца. Ментолот, има вкус и арома на пеперминт, и е со карактеристичен мирис на нане. Ментолот е липосолубилна супстанца, и поради тоа, лесно се абсорбира преку кожата.
Ментолот е безбеден за употреба. Се употребува во прехрамбената индустрија, како адитив за вкус и мирис. Ментолот се употребува при производството на бонбони, пасти за заби, козметички производи, различни терапевтски производи за ветеринарна употреба, како и во производството на цигари.
Покрај неговиот карактеристичен вкус и мирис, ментолот има е ефект на ладење. Неговиот ефект на ладење се употребува за различни ладни гелови, креми, фластери и спрејови. Ефектот на ладење се користи и во кондиторската индустрија (бонбони) за освежување на устата и здивот.
И покрај тоа што се употребува од многу одамна, механизмот на дејство на ментолот е разјаснет многу доцна, дури во 2002 година. Ефектот на ладење на ментолот се пренесува од страна на TRPM8 рецепторот. TRPM8 се активира при температури, што не предизвикуваат болка, на пример, при ткивна температура од 25-28°C. Ментолот, ја зголемува активирачката температура.. Дополнително на ефектот на ладење, ментолот поседува и други биолошки ефекти, што се користат кај спортистите и атлетичарите, и согласно најновите сознанија, во терапијата на различни стадиуми на болка.
Кај спортистите и атлетичарите, познато е дека ментолот го забрзува опоравувањето и го подобрува ефектот од тренингот. Воколку ментолот се аплицира на кожата, 15 минути пред тренингот, локалната циркулација е зголемена, за период од скоро еден час. Кај долготрајните тренинзи, ладниот гел со ментол им овозможува на атлетичарите целисходно изведување на целата тренинг сесија. Кај случаи, каде е аплицирана крема со ментол, после тренинг, пропратен со мускулна болка, нивото на болка е намалено, додека моќноста на мускулите е подобрена.
Редовната употреба на ментол, за време на тренинзи, ја зголемува издржливоста и оксигенацијата, со истовремено намалување на формирањето на млечна киселина, за време на аеробните вежби. При анаеробни вежби, мускулната маса и моќноста на самите мускули е подобрена, воколку ментолот е аплициран на групата мускули што се вежба.
Заздравувањето на повредите и раните, е исто така подобро при употреба на гелови и креми што содржат ментол. Геловите содржат алкохол, и поради тоа не се соодветни за примена кај деца. Треба да се избегнуваат и случајни апликации на мукозните мембрани (слозокожа). Кремата со ментол, од друга страна, е соодветна за деца (пример, болки при раст), бидејќи овие производи, вообичаено не содржат никаков алкохол.